Дома Топ вести Потврден потегот на Левандовски: Најави ли напаѓачот заминување од Минхен!?

Потврден потегот на Левандовски: Најави ли напаѓачот заминување од Минхен!?

Дали ова е најава за разделба со Баерн Минхен?

Реномираниот новинар, Матеуш Борек прв дојде до ексклузивната информација која подоцна беше потврдена: Левандовски и Кухарски (неговиот менаџер) се разделија. Без официјално образложувње.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој потег на полскиот фудбалер многумина го сметаат и како најава за напуштање на Баерн Минхен. Општо познато е дека Левандовски се обидуваше да издејствува заминување од Баерн, последен пат тоа го направи ов лето.

Левандовски се поврзуваше со Пари Сен Жермен, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити…Но, најмногу со Реал Мадрид.

Карим Бензема повеќе не е оној стариот и во Мадрид не се задоволни од неговите настапи. Метеуш Борек тврди дека следен менаџер на Левандовски ќе биде некој од категоријата на најголемите!

Се поставува прашањето – кој? Мино Раиола? Или можеби Пини Захави? Жорж Мендеш?

Додека Левандовски не одлучи или пак што е поверојатно додека не ја соопшти одлуката привремено за неговата кариера ќе се грижи Томаш Звислак, кој е негов пријател од детството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…