Дома Трансфер зона Потврдено: Јувентус го договори првото засилување!

Потврдено: Јувентус го договори првото засилување!

Италијанскиот шампион Јувентус веќе го договори првото засилување за следната сезона, а тоа е дефанзивецот на Џенова, Кристиан Ромеро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа денес го потврди и претседателот на Џенова, Енрико Прециози, кој изјави дека трансферот е пред реализација.

„Преговорите се во напредна фаза. Парите од овој трансфер ќе ни бидат потребни за потполнување на минусот во клупската каса“, изјави Прециози.

Финансиските детали од трансферот не се познати, но италијанските медиуми откриваат дека Јувентус за младиот дефанзивец ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.

„Бјанконерите“ се спремаат за реконструкција и подмладување на одбраната, а Ромеро треба да биде замена за Барзаљи кој заминува во пензија.

Ромеро оваа сезона блесна со настапите во Серија А и го привлече вниманието на многу големи клубови, но Јувентус беше најбрз и ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…