Јувентус утре му гостува на Манчестер Јунајтед во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а во тој натпревар денес беше и потврдено дека „старата дама“ ќе биде без Марио Манџукиќ.
Како што пишуваат италијанските и англиските медиуми, Манџукиќ ќе го пропушти натпреварот поради истегнување глуждот на левата нога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватскиот напаѓач оваа сезона е еден од најдобрите играчи на клубот од Торино. Оваа сезона постигна четири погодоци во Серија А, а запиша и две асистенции.
Mario Mandzukic is out of tomorrow's game against #MUFC due to a calf problem. https://t.co/seCn7g5JRy
— Kris Voakes (@krisvoakes) October 22, 2018
Од друга страна Алегри за утрешниот натпревар ќе може да смета на Кристиано Роналдо на кого му истече суспензијата во Лигата на шампионите. Одличниот Португалец се враќа на „Олд Трафорд“ каде што помина шест сезони.
Повикани играчи кај Јувентус за утрешниот натпревар