Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Дубаи кој стартува кон средината на февруари.
Станува збор за турнир од серијата 500, а имајќи предвид дека не играше минатата година значи дека не брани поени од тој турнир и доколку го освои ќе додаде нови 500 на своето конто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јасно е дека му се потребни мечеви на официјални натпревари затоа што не играше Австралија Опен.
На листата пријавени на овој турнир се уште: Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алиасим, Јаник Синер, Хуберт Хуркач, Денис Шаповалов, Аслан Карацев како и бранителот на титулата Роберто Баутиста Агут.