Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на плејмејкерот на Емполи и алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во Серија А, а со добрите настапи продолжи и на Африканскиот куп на нации, па го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Бенасер потекнува од школата на Арсенал, но не доби шанса во првиот тим на „топџиите“, па последните две години ги помина во Емполи.
Милан веќе постигна договор со Емполи и за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра, па останува уште да ги договори личните услови со фудбалерот.
„Постигнавме договор со Милан за Бенасер. Сега клубот треба да постигне договор со агентите на играчот. Во следните 24/48 часа трансферот ќе биде комплетиран“, потврди претседателот на Емполи.