Шпанскиот стручњак потврди дека го напушта ПСЖ на крајот од сезоната.
Токму како и што се очекуваше после елиминацијата во 1/8 финалето во Лигата на шампиоите од Реал Мадрид, Унаи Емери наредната сезона нема да го предводи Пари Сен Жермен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој на денешната конференција за медиумите на новинарите им соопшти дека си заминува.
„Им соопштив на играчите и сопствениците дека е готово. Им се заблагодарив. Се што остана е само финалето во Купот на Франција. Ако им е потребна моја помош, ќе им помогнам. Јас верувам во овој проект“, изјави помеѓу другото Емери.
Да потсетиме, Шпанецот на клупата на ПСЖ пристигна летото 2016 година, но не успеа да направи ништо посебно во Лигата на шампионите, натпреварување кое е главна цел на богатите сопственици.
Претходно беше тренер на Севиља, Спартак Москва, Валенсија и Алмерија. Се очекува на негово место да пристигне Германецот, Томас Тухел.