Легендарниот европски кошаркар, Дирк Новицки после натпреварот против Феникс Санс, потврди дека и следната сезона ќе биде дел од НБА лигата.
39-годишниот Германец се опоравува после операцијата на глуждот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Планот е повторно да се вратам следната сезона и да направам добра подготовка. Тоа ќе биде долг процес, ќе претстои лето со понекои разочарувања, но јас сум подготвен да се борам против сето ова и да дадам сè од себе до последно“, изјави Новицки.
Ова значи дека Новицки ќе го исполни својот договор со тимот од Тексас, кој завршува во јуни 2019 година. На овој начин тој ќе стане првиот професионалец кој ќе игра 21 сезона во само еден клуб во НБА.