На денешната прес-конференција техничкиот премиер во Владата на Македонија Оливер Спасовски објави дека спортистите и спортските работници ќе добијат по една минимална плата за месец април и мај.
Помошта за вработените во спортот ќе биде од 14.500 денари. Ова е дел од мерките на Владата за излез од кризата која ја донесе пандемијата на коронавирусот.
Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓
„Сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи ќе добијат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“, изјави Спасовски.
Ова сигурно ќе помогне затоа што прволигашките екипи задолжително мораат да имаат најмалку десет играчи кои се пријавени во Агенцијата за вработување. Помош исто така ќе добијат клубовите за своите вработени административци.
Меѓутоа се поставува прашањето што со помалите спортови, кошаркарите, одбојкарите, ракометарите каде што најголем дел од клубовите функционираат со хорнорарни договори заверени само во матичните федерации.