Дома Фудбал Англија Потврдено: Заврши сезоната за стоперот на Манчестер Јунајтед

Потврдено: Заврши сезоната за стоперот на Манчестер Јунајтед

Се потврдија лошите најави за Манчестер Јунајтед, стоперот Ерик Бејли ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Ваков исход предвидуваше и стратегот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер кој изјави дека многу веројатно сезоната за Бејли е завршена и дека нема да настапи на последните два првенствени натпревари против Хадерсфилд и Кардиф.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе направи дополнителни прегледи, мислам дека не помина најлошо од овој вид на повреди, но сезоната за него веројатно е завршена“, гласеше изјавата на Солскјер.

Неговата повреда дојде во најлош можен момент бидејќи Јунајтед е во трка за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите наредната сезона.

Она што ги радува навивачите е што Јунајтед во последните две кола игра против тимови кои најверојатно ќе испаднат. Хадерсфилф од поодамна е отпишан и без шанси за опстанок, а од наредното коло пред натпреварот со Јунајтед со иста судбина би можел да се помири и Кардиф.

Бејли беше една од ретките светли точки во одбраната на Јунајтед, а неговата повреда може да донесе и проблем за Брегот на Слоновата Коска на Афричкиот куп на Нации кој ќе започне на 21-ви јуни. Оваа селекција е сместена во групата Д каде што ќе игра со репрезентациите на Мароко, Јужноафриканската Република и Намбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…