Мауро Икарди е најдобриот фудбалер и стрелец на Интер, но се повеќе италијанските медиуми пишуваат за негово заминување.
Во текот на зимскиот преоден рок Икарди најмногу се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, се споменуваа и астрономски суми, а сега пристигна потврда од претседателот на Наполи, Де Лаурентис кој потврди дека неговиот клуб понудил 60 милиони евра за Мауро Икарди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Лаурентис откри дека одржал состанок со сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара.
„Се сретнавме со Ванда во нејзината канцеларија, мојата понуда беше 60 милион и евра, разговаравме, но сепак не постигнавме договор. Знам дека Мауро е топ напаѓач кој под водство на нашиот тренер, Маурицио Сари може да постигне и 40 погодоци“, открива Де Лаурентис.
Дека Икарди би можел да замине покажува и фактот што Интер покажува интерес за Лаутаро Мартинез од аргентински Расинг, 20 годишниот напаѓач кој на „нероаѕурите“ им го препорачува поранешниот голгетер на овој клуб Диего Милито.