Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс за медиумите потврди дека не постојат никакви шанси Амин Јунес да остане во клубот.
„Јунес веќе потпиша за Наполи“, изјави Овермарс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јунес требаше да го засили Наполи во јануари, но го одложи доаѓањето на „Сан Паоло“ поради семејсни проблеми. Сакаше да остане во Амстердам за да биде блиску до неговиот болен дедо кој живее во Дизелдорф.
Јунес е дете на фудбалската школа на Борусија Мехенгладбах, а во Ајакс пристугна во 2015 година, каде се афирмираше фудбалски.
Овој 23-годишен крилен напаѓач ги помина сите селекции на германската репрезентација, а беше и дел од тимот кој го освои Купот на Конфедерации.