Италијанскиот фудбалер Даниеле Ругани и дефинитивно го напушта Јувентус, а негова следна дестинација ќе биде холандски Ајакс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ругани утрово беше снимен како се упатува кон Холандија каде што ќе го комплетира трансферот.
Лекарските прегледи Ругани би требало да ги помине во текот на денешниот ден, по што ќе биде и официјално претставен.
Дресот на Јувентус, Ругани го носеше од 2013 година. Ајакс го доведува на позајмица во која нема обврска да го откупи неговиот договор. Во холандскиот гигант пристигнува на барање на неговиот сонародник, тренерот Франческо Фариоли.