Дома Фудбал Англија Потврдени стравувањата на Емери: Стоперот ја заврши сезоната!

Потврдени стравувањата на Емери: Стоперот ја заврши сезоната!

holding

Aрсенал во средата ремизираше против Манчестер Јунајтед (2:2) на „Олд Трафорд“.

На оваа средба Арсенал имаше повеќе прилики да дојде до победа, но на крајот избраниците Емери мораа да се задоволат со бод.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа денес од Лондон стигнуваат лоши вести. Од она што стравуваше Унаи Емери и кое го најави после дербито се оствар. Роб Холдинг кој мораше да ја напушти играта во првото полувреме ја заврши сезоната.

Дефанзивецот на Арсенал на носилки беше изнесен од тревникот на „Олд Трафорд“ после дуелот со Маркус Рашфорд, а набрзо после завршувањето на средбата се појавија црните прогнози за карактерот на повредата.

Сега истите се и потврдени. Арсенал преку соопштение потврди дека 23 годишниот Холдинг се здобил со потешка повреда на лигаментите на коленото на левата нога и дека во наредните денови ќе биде подлегнат на оперативен зафат.

„Роб во наредните денови ќе биде опериран поради повреда на лигаментите на коленото. Се очекува процесот на рехабилитација да трае шест до девет месеци“, порачаа од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…