Дома Македонски спорт Мак фудбал Потврда од Бугарија: Вардар е клуб со традиција, сакаме да помогнеме!

Потврда од Бугарија: Вардар е клуб со традиција, сакаме да помогнеме!

Веќе некое време во македонската спортска јавност се зборува за можноста Благо Георгиев со конзорциум од неколку компании да го превземе фудбалскиот клуб Вардар.

Георгиев таквите најави ги потврди јавно за бугарската телевизија „ТВ Нова“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пријателите во Македонија ми кажаа за ситуацијата во Вардар. Тоа е клуб како Левски и ЦСКА кај нас во Бугарија. Има голема традиција и многу фанови, еден од најпопуларните во Македонија, амбициите се големи. Не можам во детали да зборувам за нешто што уште не се случило. Сакаме да помогнеме, тука мислам на моите партнери и пријателите од Македонија“, гласи изјавата на Георгиев.

Инаку, Благо Георгиев е поранешен фудбалер кој во кариерата играше за Славија Софија, Депортиво Алавес, Црвена Звезда, Дуисбург, Терек Грозни, Амкар, Рубин Казан и Оренбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…