Дома Трансфер зона Постигнат договор: Хрватот се сели на „Олд Трафорд“

Постигнат договор: Хрватот се сели на „Олд Трафорд“

Марио Манџукиќ е надвор од плановите во Јувентус, Маурицио Сари не смета на него и тоа стана јасно во првите кола од Серија А.

Она за што долго време се пишуваше сега гласно се тврди во италијанските медиуми – Марио Манџукиќ постигнал договор со Манчестер Јунајтед.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе подолго време се шпекулира дека епизодата на Манџукиќ во Јувентус е завршена. Сари го стави на клупата за резерви и нема ниту еден официјален настап.  Хрватот не беше пријавен и за Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе на лето, но Манџукиќ имаше желба да остане и да се бори за своето место во Јувентус.

Манџукиќ така изгледа пронашол клуб, меѓутоа ќе мора трпеливо да го чека зимскиот преоден рок до кој има уште три месеци. Прашање е секако во каква форма ќе биде затоа што може да се случи до тогаш да не одигра ниту еден официјален натпревар.

Во меѓувреме се засилија шпекулациите дека Макс Алегри може да го наследи Солскјер на клупата на Јунајтед, па двајцата можат повторно да работат заедно, а познато е дека Хрватот е миленик на италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …