Манчестер Јунајтед постигна договор со Аталанта за трансфер на младиот напаѓач, Расмус Холунд, пренесуваат медиумите на Апенините.
Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок беше нов напаѓач, а најголема желба на Тен Хаг е токму Хојлунд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Аталанта ги одби првите две понуди, но „црвените ѓаволи“ не се откажаа и конечно постигнаа договор за трансфер тежок 60 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.
Хојлунд веќе има договор со Манчестер Јунајтед и ќе стави потпис на 6-годишен договор.
Fee around €70m. @Atalanta_BC and @ManUtd in talks to reach the final agreement. @SkySport
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 29, 2023