Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Севиља постигнале договор за трансфер на Сусо и Шпанецот денес треба да пристигне на лекарски прегледи.
Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Севиља, а последните информации од Апенините се дека двата клуба постигнале договор.
Имено, Сусо ќе се пресели во Севиља на 18-месечна позајмица со задолжитечен откуп од 25 милиони евра, а денес ќе патува во Шпанија на лекарски прегледи.
Sevilla and AC Milan have reached an agreement for the transfer of Suso. Deal is subject to the player passing his medical and signing the contract. (Source: Sky Italy) pic.twitter.com/83NfAH8o8H
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 28, 2020