Баерн Минхен ќе му го продолжи договорот на Франк Рибери на уште една сезона, односно до јуни 2019 година, пренесува „Кикер“.
35-годишниот Рибери има договор со баварскиот гигант до крајот на сезоната, но двете страни веќе постигнале согласност за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот настапува за Баерн Минхен од 2007 година и се претвори во вистинска легенда на клубот. До сега има одиграно 382 меча на кои постогна 117 гола и запиша 178 асистенции.
Оваа сезона Рибери настапи на 29 натпревари на кои постигна 6 гола и 5 асистенции, па го убеди раководството дека може да игра уште една година на врвно ниво.
Through to the @championsleague semifinals! ✨⚽️?? #FCBSFC #MiaSanMia #fr7? @fcbayern pic.twitter.com/RR1Yv55vKD
— Franck Ribéry (@FranckRibery) April 11, 2018