Пепе Реина се враќа во Англија после шест години.
Астон Вила е пред ангажман на голманот на Милан, Пепе Реина и тоа бесплатно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бројни италијански и англиски медиуми пренесуваат дека Шпанецот ги договорил деталите за шестмесечна соработка со премиерлигашот со опција договорот да биде продолжен за уште една сезона под услов клубот од Бирмингем да остане во Премиер лигата.
Иако договорот на 37 годишниот голман со Милан истекува јуни 2021 година се очекува тој да биде веднаш раскинат.
Поранешниот голман на Наполи и Ливерпул во Милан е резерва на Донарума, на „Аптон Парк“ тој доаѓа како алтернатива за повредениот прв голман Том Хилтон за кого сезоната е завршена.