Дома Трансфер зона Постигнат договор: Милик има нов клуб

Постигнат договор: Милик има нов клуб

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсеј и Наполи постигнале договор за трансфер на Аркадиуш Милик.

Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона.

Заинтересираните клубови како Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид се откажаа бидејќи не сакаа да ја платат сумата која ја бараше Наполи за играч кој на лето е слободен агент.

Марсеј беше единствениот клуб кој достави понуда и постигна договор со Наполи. Францускиот клуб за потписот на Милик ќе плати 9 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.

Полскиот напаѓач ќе потпише 4-годишен договор со Марсеј, каде ќе заработува 4,2 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…