Дома Трансфер зона Постигнат договор: Матиќ на чекор од „Олд Трафорд“

Постигнат договор: Матиќ на чекор од „Олд Трафорд“

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Челзи Немања Матиќ е на чекор до трансфер на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доаѓањето на Бакајоко и намерата на Конте да го задржи Фабрегас ќе значи и заминување на Матиќ, кој нема да биде стандарден, а не сака да ја грее клупата.

„Сините“ сакаа да го продадат надвор од Премиер лигата, започнаа пеговори со Јувентус, но за „старата дама“ Србинот беше прескап.

Англиските медиуми денес потврдија дека трансферот е пред реализација и открија детали. „Црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат скоро 50 милиони евра.

Матиќ веќе има постигнато договор со клубот од „Олд Трафорд“, каде ќе заработува 8,5 милиони евра и ќе потпише 4-годишен договор.

Србинот беше голема желба на Жозе Мурињо кој добро ги познава неговите карактеристки и смета дека ќе биде идеален партнер на Погба во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…