Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Манчестер Јунајтед успеа да ја победи конкуренцијата.
Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, после одличните настапи на Мундијалот, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.
Те Хаг беше во потрага по квалитетно засилување за средниот ред, па „црвените ѓаволи“ се согласија да платат 30 милиони евра за потписот на Амрабат.