Вчера официјално истече позајмицата на Одион Игало од Шангај Шенуоха во Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ веќе неколку недели беа во преговори со кинескиот клуб и на крајот успеаа да постигнат договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шангај очајно сакаше да го врати Игало во своите редови пред рестартот на сезоната во јуни, бидејќи има договор до 2022 година. Сепак желбата на фудбалерот беше да остане во Манчестер и да продолжи да игра за клубот од „Олд Трафорд“.
Двата клуба официјално постигнаа договор за продолжување на позајмицата до јануари 2021 година, а после тоа ќе може да преговара за негов перманентен трансфер.
„Ѓаволите“ со тоа нема да имаат потреба да платат 20 милиони фунти, колку што бараше Шангај за целосно да го ослободи играчот, и наместо тоа ќе ги добијат неговите услуги за уште дополнителни седум месеци.
Odion Ighalo’s loan to Manchester United will be extended until January. Total agreement reched with Shanghai Shenhua. The player has pushed to stay and the Chinese club just accepted United conditions to extend his loan. Official soon. Here we go! ? #MUFC #ManUnited #transfers
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 1, 2020