Дома Трансфер зона Постигнат договор: Ди Марија има нов клуб!

Постигнат договор: Ди Марија има нов клуб!

Како што стојат работите завршена е уште една трасфер приказна за летото кое следи.

Според пишувањето на познатите светски медиуми, Анхел Ди Марија се договорил со Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во редовите на „старата дама“. За овој трансфер се пишуваше и во претходните денови, а сега пристигнуваат информации дека се е завршено.

Аргентинецот во Торино ќе пристигне после завршувањето на сезоната. Трансферот би требало да биде објавен по завршувањето на сезоната кога и ќе бидат договорени сите детали.

figure>

Во викендот кој следи Ди Марија против Мец ќе го одигра натпреварот од 38. коло во Лига 1 кој ќе биде негов последен за ПСЖ. Според некои информации Ди Марија во Јувентус ќе добива плата од седум милиони евра по сезона, но не е позната должината на договорот. Ќе потсетиме, неговиот договор со ПСЖ завршува ова лето.

Ди Марија во Европа игра веќе 15 години а во минатото ги носеше дресовите на Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…