Јувентус постигнал договор за уште едно засилување од Балканот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најтрофејниот клуб во Италија договорил соработка со 17-годишниот Иван Срдоќ од Ријека. Тинејџерот ги поминал медицинските прегледи и потпишал тригодишен договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватот кој игра на позицијата крилен напаѓач ќе продолжи со тренинзи во младинскиот тим на Јувентус. Останува времето да покаже дали ќе успее да се наметне во првиот тим на „старата дама“.
Ќе потсетиме, последен трансфер на Јувентус од Хрватска беше Марко Пјаца кој во 2016 година пристигна од Динамо Загреб за сума од околу 30 милиони евра, но никогаш не успеа да стане важен играч и често беше испраќан на позајмици.