Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан постигнале начен договор за трансфер на Тиму Бакајоко.
Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.
Бакајоко сака да се врати во Милан и веќе има договор со „росонерите“, па двата клуба започнаа преговори за трансфер.
Последните информации од Апенините се дека е постигнат договор и Бакајоко ќе се пресели на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица со можност следното лето да биде откупен за 30 милиони евра.
Passi avanti nella trattativa #Bakayoko–#Milan, i dettagli https://t.co/EVw8Z4mlyE
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 22, 2020