Дома Фудбал После 117 години Реал Мадрид ќе има странец за капитен

После 117 години Реал Мадрид ќе има странец за капитен

Вчера беше и официјално објавено дека Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид, а со неговото заминување ќе остане празно местото капитен во клубот од Мадрид.

Шпанска „Марка“ денес пишува дека Марсело, Бензема или Варан се играчите кои ќе ја преземат капитенската лента. Очекувањата се Марсело да биде капитен, а Бензема и Варан негово заменица. Зад оваа тројка се Начо и Модриќ.

Така Марсело ќе стане првиот странски капитен на Реал Мадрид уште од 1904 година, 15 години по доаѓањето во клубот. Англичанецот Артур Џонсон беше прв странски капитен во далечната 1902.

Рамос со Реал освои 12 титули во своите шест сезони како капитен, повеќе од Икер Касиљас (кој освои седум во своите пет) и Раул (кој освои четири во седум сезони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…