Дома Трансфер зона После продажбата на Нејмар ПСЖ носи три големи засилувања

После продажбата на Нејмар ПСЖ носи три големи засилувања

И покрај тоа што нема договор околу Барселона и ПСЖ за Нејмар, поточно договорот постои, но Каталонците не успеваат да ги убедат своите играчи да бидат дел од договорот, јасно е дека Парижаните сакаат да го продадат Нејмар.

Ова дел е поради неговите односи и сака да си оди, дел и што се плаши дека често ќе биде повреден, што дополнително му ја намалува цената, а покрај тоа влезе и во последните две години од договорот. Леонардо и Ал-Келаифи сака да ја завршат работата за викендот, за да доведат три играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, голманот Кејрол Навас е блиску, пари и Арелоа да си заминат во Мадрид, а од парите за Нејмар, францускиот шампион сака да купи двајца играчи. Еден е Паоло Диабала, тоа се знае, би чинел околу 75 милиони евра, а другиот не е Заха, туку Кристиан Ериксен.

Неговиот договор истекува следната година, но Парижаните би го привлекле со голема плата, покрај тоа би му платиле на Тотенхем околу 70 милиони евра, што Леви, без сомнеж ќе го прифати. Со споменатите тројца, и евентуално Манџукиќ кој би можел да биде дел од пакетот за Диабала, ПСЖ ќе се засили. Ги доведоа Ерера и Гаје на средината, пристигна и Сарабија од Севиља, Дијало од Дортмунд, младите играчи Бејкер и Булка како слободни агенти.

Но, со Навас на голот, Ериксен кој би играл со Верати, Ерера и Гаје, и Диабала кој би се приклучил на Кавани и Мбапе, тоа би бил одличен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…