Јуп Хејнкес во нов проблем.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ќе отсуствува околу три недели од терените откако заработи повреда на десниот бутен мускул, соопштија денес од управата на германскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милер се повреди во натпреварот кој беше одигран изминатиот викенд против тимот на Хамбург, натпревар во кој Баерн славеше со 1:0.
Тој во игра влезе на стартот на второто полувреме, а се повреди во 52 минута при асистенцијата до Корентин Толисо кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Милер поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Лајпциг во Купот на Германија и Бундеслигата, како и гостувањето кај Селтик во Лигата на шампионите, но и дербито против Борусија Дортмунд во првенството закажано за 4 ноември.