Овој податок звучи неверојатно, но е вистина. Откако Златан Ибрахимовиќ замина од Милан ракововодството на напаѓачи потроши 150 милиони евра и не погоди НИШТО.
Клубот кој може да се пофали дека во своите редови имал гол-машини како Андреј Шевченко, Пипо Инзаги, Ван Бастен, Веа… дочека да промени дури 11 напаѓачи барајќи ја вистинската „деветка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само ова лето „росонерите“ потрошија 38 милиони евра за Андре Силва од Порто и 20 милиони евра за Никола Калиниќ, но повторно промашија.
Од 2012 година кога Златан Ибрахимовиќ беше продаден во ПСЖ за 24 милиони евра, Милан донесе 11 напаѓачи. Во главно ниту еден од нив не се снајде на „Сан Сиро“ и не беше достојна замена за Швеѓанецот.
Доколку треба да се бира, тогаш од сите напаѓачи кои пристигнаа, според бројот на головите, најдобар учинок имаа Марио Балотели и Карлос Бака.
Пацини – 24 гола на 86 натпревари
Бојан Кркиќ – 3 гола на 27 натпревари
Марио Балотели – 33 гола на 77 натпревари
Алесандро Матри – 1 гол на 19 натпревари
Матија Дестро – 3 гола на 15 натпревари
Фернандо Торес – 1 гол на 10 натпревари
Карлос Бака – 34 гола на 77 натпревари
Луиз Адриано – 6 гола на 36 натпревари
Лападула – 8 гола на 29 натпревари
Никола Калиниќ – 4 гола на 18 натпревари
Андре Силва – 8 гола на 21 натпревар
Само за споредба, Златан Ибрахимовиќ за две сезони на 85 натпревари постигна 56 гола! Повеќе од Матри, Дестро, Торес, Лападула, Калиниќ, Силва, Луиз Адриано и Пацини заедно.