Актуелниот европски шампион Челзи денес доби тежок удар, откако британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на сопственикот Роман Абрамович.
Челзи нема да смее да продава билети и на натпреварите ќе можат да присуствуваат само навивачите со сезонски билети, забранета е продажбата во официјалните продавници, како и нови трансфери и договори со фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сините“ ќе добијат специјална дозвола да продолжат да работат како фудбалски клуб, но со многу ограничувања. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ може да потроши за едно гостување максимум 20.000 фунти.
Најавено е и повлекување на главниот спонзор, телекомуникациската компанија “Three” која плаќа 50 милиони евра по сезона, па ќе биде доведена во знак прашање ликвидноста на клубот да ги исплаќа платите кон фудбалерите.
„Замрзната“ е и продажбата на клубот. Се шпекулира дека властите можат да дадат специјална дозвола за продажба, но ниту една фунта не смее да заврши кај рускиот милијардер.