На англискиот фудбалски клуб Шефилд Јунајтед ќе му бидат одземени два бода следниот пат кога ќе игра во втората лига – Чемпионшип, поради долгови кон други клубови, соопшти Англиската фудбалска лига.
Како што се наведува, Шефилд Јунајтед е казнет поради долгови кон клубовите од сезоната 2022/2023, во која сезона изборија учество во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубот е суспендиран со одземање на два бода и ќе мора да плати правни трошоци од 310.455 фунти, објави Би-Би-Си.
Задоцнетото плаќање на трансфери за неколку играчи кумулативно надминаа 550 дена, во сезоната во која Шефилд Јунајтед заврши на второто место во Чемпионшип зад Барнли.
Шефилд Јунајтед соопшти дека се разочарани, но нема да се жалат. Клубот смета дека е подобро да се постигне договор кој би го минимизирал ризикот од повеќе одземање бодови, забрани за трансфери или скапи и долги правни постапки.
Казната ќе се применува во првата сезона во која Шефилд Јунајтед ќе игра во Чемпионшип. Клубот моментално е последен на табелата во Премиер лигата со девет бода од сигурната зона, на седум кола пред крајот на натпреварувањето.