Дома Трансфер зона Последното засилување за Милан пристигнува од Барса?

Последното засилување за Милан пристигнува од Барса?

Екипата на Милан никако да се задоволи, „росонерите“ најавуваат ново засилување и тоа од редовите на Барселона.

Опцијата за доведување на Ренато Санчез пропадна, италијанскито гигант не успеа да се договори со Баерн Минхен, па нова мета на Виченцо Монтела е Рафиња Алкантара од Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алкантара не е во плановите на Валверде, тој никако не успеа да се опорави од повредата против Рома која ја заработи во Лигата на шампионите пред две години.

Се шпекулираше и за негов трансфер во Ливерпул, како „мамец“ за Кутињо, но од тоа немаше ништо.

Рафиња е фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а Барселона не сака целосно да се откаже од неговите услуги, но би можеле да преговараат за позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …