Македонија во вторник ќе игра против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар, а натпреварот се игра на „Драгао“ во Порто.
Фудбалската Федерација на Португалија уште вчера објави дека стадионот се распродал за рекордно време, па така Португалците ќе имаат максимална поддршка од 50.000 гледачи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако билетите се распродадоа на социјалните мрежи се појавија препродавачи кој се обидуваат да заработот, а цените одат и до 200 евра за еден билет.
За македонските фанови пуштени се во продажба околу 2.500 билети по цена од 820 денари. Можете да купите – ТУКА.
Estas pessoas acham-se mais espertas que o resto do mundo. pic.twitter.com/IXXOJbaqCF
— Lúcia Pereira (@lucia_cpereira) March 25, 2022