Ливерпул е во потрага по нов тренер, а како стана јасно дека првата цел Чаби Алонсо ќе остане во Леверкузен, „црвените“ се насочуваат кон други цели.
Сега главна мета е португалскиот стратег, Рубен Аморим, кој со одличен успех го води тимот на Спортинг Лисабон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аморим, наводно, веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.
Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика и до крајот го чека грчевита борба за титулата во Португалија.
Поради тоа, Аморим најпрво сака да остане фокусиран на шампионската трка, а потоа ќе седне на преговарачка маса со Ливерпул.