Португалија вчера го победи Уругвај со 2:0 и така обезбеди пласман во осминафиналето на едно коло пред завршувањето на групната фаза, меѓутоа по овој натпревар многу се пишува за првиот гол на Португалците.
Бруно Фернандеш сакајќи да нафрли за Роналдо се запиша во листата на стрелци. Роналдо самиот после натпреварот тврдеше дека ја допрел топката (тука) и дека треба да му биде него запишан тој гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, изгледа дека работата не останала само на тврдење на Роналдо. Наводно, Фудбалската федерација на Португалија испратила официјално барање до ФИФА како стрелец да биде запишан Роналдо место Бруно Фернандеш.
Во жалбата тие напоменуваат дека Роналдо играл со топката. Вакво барање досега на Мундијалите не се памети, па останува да се види дали ФИФА ќе реагира.