Кошаркарите на Портланд се наоѓаат во серија од шест победи и со тоа имаат најголеми шанси да го заземат последното – осмо место кое носи пласман во плеј офот од Западната конференција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тие имаат три победи повеќе од конкурентот Денвер. Во победата ноќеска над Феникс најефикасен беше Дамиан Лилард со 31 поен.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Портланд – Феникс 130:117, Бруклин – Орландо 121:11, Минесота – Сакраменто 117:123, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 115:104 и Чикаго – Атланта 106:104.
Пласман Источна конференција: Бостон 49-27 (победи-порази), Кливленд 48-27, Торонто 46-30, Вашингтон 46-30, Милвоки 40-36, Атланта 39-37, Чикаго 37-39, Мајами 37-39, Индијана 37-39,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 62-14, Сан Антонио 58-17, Хјустон 51-25, Јута 47-29, ЛА Клиперс 47-31, Оклахома Сити 43-32, Мемфис 42-34, Портланд 38-38, Денвер 35-40