Oстровските медиуми пренесуваат дека Матијас Де Лихт е желба на Арсенал и ќе се обидат да го доведат одличниот дефанзивец на крајот од сезоната.
Микел Артета сака тимот да го засили и во текот на зимата, но ќе мора за нови имиња да почека до лето поради финансискиот фер-плеј. Амбициите на Арсенал пораснаа по солидниот старт на сезоната и борбата за врвот во Премиер лигата, па Де Лихт изгледа како одлично засилување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Лихт во овој момент е надвор од терените поради повреда, а сезонава за Баерн одигра 11 натпревари и постигна еден гол.
Холандскиот фудбалер има договор со Баерн до 30-ти јуни 2027 година.