Дома Фудбал Репрезентации Поранешниот холандски репрезентативец осуден на две години затворска казна

Поранешниот холандски репрезентативец осуден на две години затворска казна

Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Спартак Москва, Квинси Промес е осуден на двегодишна затворска казна поради обид за убиство на роднина во Холандија, објавија локалните медиуми.

На Промес му се судеше во отсуство бидејќи во овој период живее во Русија каде што настапува за Спартак Москва.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На сеемен собир фудбалерот во 2020 година со нож нападнал роднина кој случајот го пријавил во полицијата.

Во нападот повредениот се здобил со убод во коленото, сега започна судењето за овој случај. Прво Промес беше обвинет за обид за убиство, но тужбата подоцна се промени во тежок напад што е олеснителна околност за актуелнито фудбалер на Спартак Москва.

 „Жртвата во нападот се здоби со тешки повреди од кои долго време се опоравуваше. Мотивот за нападот не е сосема јасно, но би можело причината да биде украден накит.“, порачаа од обвинителството откако го отворија случајот.

Од 2021 година Промес е член на Спартак Москва, претходно играше за Твенте, Севиља и Ајакс, дресот на холандската репрезентација го носеше на 50 натпревари и постигна седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…