Хрватскиот репрезентативец кој настапува за Ливерпул повторно е мета критиките.
Ловрен направи пенал во градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон и така им подари бод на градските ривали на „Енфилд“. Хрватот во 76 минута непотребно од зад грб стартуваше над Доминик Клајверт-Левин, а судијата Крег Повсон покажа на белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Тотенхм, Гарат Крокс за ББС го избираше тимот на колото во Премиер лигата.
Lovren not at fault here…he actually goes into Lovren then falls over ??
— Ben • (@Riddock__) December 10, 2017
Место во тимот на Крокс доби и напаѓачот Мохамед Салах кој игра во фантастична форма, но 59 годишниот Крокс наместо да ја коментира играта на Египќанецот, го критикуваше Ловрен.
„Последната работа која некој дефанзивец би требало да ја направи е да му дозволи на напаѓачот да падне во казнетиот простор. Меѓутоа она што ме изненадува е рекацијата на Дејан Ловрен кој се жалеше кај судијата, тој однесување е глупаво и безобрано“, изјави Крокс.