Дома Фудбал Италија Поранешниот фудбалер на Интер верува во „новиот“ тим: Ќе бидеме на исто ниво со Јувентус

Поранешниот фудбалер на Интер верува во „новиот“ тим: Ќе бидеме на исто ниво со Јувентус

vidal

Управата на Интер рабти одлично во овој преоден рок.

Откако ги доведоа, Раџа Наинголан, Лаутаро Мартинез, Стефан Де Фрај, Квадво Асамоа, Шиме Врсаљко, следен е Артуро Видал, а денес се појави и сензационална вест дека преговораат со Лука Модриќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека многу веројатно ќе ги задржат Икарди и Перишиќ за кои владееше голем интерес, можеме да кажаме дека „нероаѕурите“ градат конкурентен тим.

Такво мислење има и поранешниот фудбалер на Интер, Никола Берти.

„Со Видал Интер ќе биде одличен. Навистина го сакам како играч. Тој знае да постигнува голови, но и да трча по целиот терен. Дава многу за тимот и се бори за секоја топка. Се надевам дека е вистина тоа што се пишува за него. Многу би помогнал во секоја смисла, како играч и како лидер. Со Видал ќе бидеме на исто ниво како и Интер“.

„Можам да ве убедам дека ќе се бориме за Скудетото и се надевам дека ќе одиграме добро и во Лигата на шампионите“, изјави Берти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …