Дома Фудбал Останато Поранешниот тренер на Рома: Балотели ме потсетува на Тоти

Поранешниот тренер на Рома: Балотели ме потсетува на Тоти

Поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија во разговор за италијанските медиуми даде една интересна изјава.

Руди Гарсија ни помалку, ни повеќе Марио Балотели го потсетува на големиот Франческо Тоти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач во Марсеј стигна пред неколку недели од Ница, а тренерот на овој клуб е задоволен од тоа како популарниот „Супер Марио“ се вклопи во тимот.

Колку и Балотели да се труди на тренинзите и да се променил изјавата која ја даде Гарсија е претерана, дури и тоа е мал збор со кој може да се опише.

„Во Балотели на моменти гледам и дел од Тоти. Тој на Марсеј може да му донесе нешто поинакво. Иако кратко време е со нас се вклопи многу брзо. Има одлична визија на теренот, знае во вистински момент да додаде, едноставно перфектно ја чита играта. Кога го купувавме знаевме дека може да биде добар соиграч и да ни донесе квалитет. Со него тимот е едно ниво повисоко, навистина сум среќен“, изјави Гарсија.

Јасно е дека Гарсија е понесен од почетниот впечаток, па Балотели го споредува со еден од најголемите италијански фудбалери на сите времиња.

Балотели во редовите на Марсеј пристигна од Ница во јануарскиот преоден рок и до овој момент одигра три натпревари и постигна два гола.

Останува времето да покаже како Гарсија ќе зборува кога Балотели ќе започне да го прави она по што е препозналив.

Во медиумите се очекува можеби и реакции од Тоти кој познато е дека не е во добри односи со Балотели, а добро познат е и нивниот дуел уште од кога Балотели го носеше дресот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…