Поранешниот тренер и фудбалер на Реал Мадрид Сантијаго Солари доби отказ од мексиканскиот Клуб Америка.
Клуб Америка го отпушти Солари после серијата лоши резултати во 2022 година. Во овој момент тимот се наоѓа на претпоследната позиција во мексиканската лига, а амбициите пред почетокот на сезоната беа многу повисоки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Клуб Америка Солари дојде минатата година и имаше одличен старт. Сепак со почетокот на 2022 година дојдоа лоши резултати и забележаа само една победа и шест освоени бодови на осум натпревари.
Според најавите најсериозен кандидат да го наследи Солари е легендарниот Хернан Креспо.