Aнглискиот четвртолигаш Бредфорд денес за нов тренер го именуваше Марк Хјуз.
Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Блекбурн, Фулам, Саутемптон, Стоук и КПР го наследува на клупата Дарек Адамс кој неодамна доби отказ после лошите резултати. Под негово водство екипата оствари девет победи на 37 натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бредфорд е 15-ти на табелата во четвртата лига и се наоѓа на 11 бодови од зоната на испаѓање. Хјуз во сабота првпат ќе го води тимот против Менсфилд. Ова ќе биде прва работа за 58-годишниот Хјуз после три ипол години кога доби отказ во Саутемптон.
Во период од 1999 до 2004 Хјуз беше и селектор на репрезентацијата на Велс.