Дома Трансфер зона Поранешниот трансфер гуру на „старата дама“: Јувентус ќе погреши ако го купи Роналдо

Поранешниот трансфер гуру на „старата дама“: Јувентус ќе погреши ако го купи Роналдо

Потенцијалниот трансфер на Кристиано Роналдо во Јувентус е главна тема овие денови во сите светски медиуми.

Иако на почетокот се изгледаше премногу нереално, од текот на вчерашниот ден веројатно голем дел од фановите на Јувентус веруваат дека би можеле да го видат Роналдо во црно-белиот дрес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните информации, Роналдо ќе се пресели во Јувентус за сума од 100 милиони евра и ќе добие договор на четири години со плата од 30 милиони евра по сезона.

Сега во медиумите се огласи човекот кој многу одамна беше блиску да го доведе Роналдо во Јувентус, поранешниот спортски директор на Јувентус – Лучијано Моџи.

„Искрено, ми пречи ова што се случува во последните денови. Јас сум сигурен дека проблемот на Јувентус не е Роналдо. Јувентус треба да се засилува во одбраната и средината. Нападот е во ред“.

„Моето мислење е дека ќе направат грешка ако го купат Роналдо, а посебно ако се покажат како точни најавите дека би добивал плата од 30 милиони евра“, изјави Моџи и потсети.

„Сепак, не треба да биде заборавено дека јас го имав договорено Роналдо уште кога играше во Спортинг, но тогаш Марсело Салас одби да се пресели во Спортинг, па целиот трансфер пропадна“, потсети Моџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…