Џенаро Гатузо во ноември 2017 година го превзема Милан, а си замина во мај 2019 откако не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Сепак сега поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели тврди дека Гатузо не ги влечел сите конци во тимот и дека управата бирала кој ќе игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Немав директен однос со сопствениците. Прв пат се видовме во Грција кога моравме да донесеме одлука за Гатузо. Се поставуваше прашањето дали ќе го промениме тренерот. Клубот ми кажа дека Тухел е опција, но јас им одговорив дека веќе го имам Гатузо на ум“.
„Поминаа денови и денови за да ги убедам дека тој е вистинскиот избор. На крај ми кажаа дека можам да правам што сакам, меѓутоа дека во тој случај јас ќе ја превземам одговорноста и дека ако не му оди на клубот ќе заминам. Но, потоа се случија некои работи. Неколку членови на управата му кажуваа со кои играчи да игра – дали и за тоа јас треба да бидам одговорен?“, откри Мирабели.