Легендарниот англиски напаѓач Мајкл Овен (44) зад себе остави одлична кариера, иако многумина сметаат дека можеше да биде многу подобра доколку сериозните повреди не го попречуваа неговиот развој.
Тој остави најдлабока трага во Ливерпул, каде во 2001 година, како 22-годишен, стана еден од најмладите добитници на Златната топка во историјата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таа сезона го освои и Купот на УЕФА, а подоцна ги носеше и дресовите на Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук Сити. За Англија играше 89 пати и постигна 40 гола. По својата играчка кариера, Овен повремено работи како телевизиски коментатор, а во интервју за Дејли Меил зборуваше за ретката болест на неговиот 17-годишен син Џејмс, кој ослепел.
“Се скршив пред 12 или 13 години кога првпат му беше дијагностицирана. Тоа е нешто со кое мора да живее и да се прилагоди. Тој ми значи повеќе од било што на светот, кога би можел да му ги дадам очите и да ги заменам, би, но, тоа се картите кои животот му ги подели…“, рече Овен.