Дома Фудбал Поранешниот играч на Јунајтед го убедил Кавани да се пресели на „Олд Трафорд“

Поранешниот играч на Јунајтед го убедил Кавани да се пресели на „Олд Трафорд“

Eдисон Кавани неодамна потпиша за Манчестер Јунајтед, а денес откри како дошло до тоа да се одлучи за трансфер на „Олд Трафорд“.

Долго време на Островот се шпекулираше за трансферот на Кавани, но тој беше завршен во последниот ден од преодниот рок, односно на неколку часа пред затварањето.

Кавани сега откри дека еден од најзаслужните за неговиот трансфер во Јунајтед е Андер Ерера.

„Пред да го изберам Манчестер Јунајтед зборував со Андер Ерера и Анхел Ди Марија. Кога работата стануваше сериозна му се јавив на Ерера, за мене тој е човек од доверба и ми помгона да одлучам. Ми раскажа што и како е во Јунајтед, после тој разговор не се довумев и ја прифатив понудата“, изјави Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…