Дома Фудбал Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез денес ќе го комплетира трансферот во Сампдорија.

Хесе веќе е на медицински прегледи во италијанскиот клуб. Клубот е во зоната на испаѓање во Серија А и Сампдорија за него нема да плати ништо. Последнито клуб за кој играше беше турскиот Анкарагучи кој го напушти по 16 одиграни натпревари и пет постигнати голови.

Со Сампдорија Хесе ќе потпише договор до крајот на сезоната со можност да се продолжи на уште една.

Во кариерата претходно настапуваше за Реал Мадрид и двапати ја освои Лигата на шампионите. Вкупно за „кралевите“ постигна 18 голови на 94 натпревари. Во ПСЖ одигра само 18 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемиот стадион во светот се гради и вреди 35 милијарди долари

Во декември 2025 година започна изградбата на стадион кој би можел да стане најголем во св…