Дома Останати Тенис Поранешната најдобра светска тенисерка по суспензијата се врати со пораз

Поранешната најдобра светска тенисерка по суспензијата се врати со пораз


Симона Халеп се врати на тениските терени по година и пол отсуство откако неодамна и беше намалена казната за допинг од четири години на девет месеци.

Враќањето на поранешната тенисерка број еден во светот на ВТА турнирите сепак не помина баш успешно. Во мечот од првотоколо на турнирот Мастерс 1000 во Мајами, Шпанката Паула Бадос беше поуспешна од Романката со 1:6, 6:4, 6:3.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Халеп за првпат играше во Мајами по УС Опен во 2022 година, со покана од организаторите откако неодамна и беше намалена казната за допинг. Со ова намалување на казната, победникот на Ролан Гарос и Вимблдон автоматски се врати на турнирите.

Халеп беше суспендирана од октомври 2022 година, откако падна на допинг-тест. Во септември, 32-годишната тенисерка беше суспендиран на четири години од Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) поради две одделни прекршувања на правилата за анти-допинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …